Тука сме за 

да живееме

Се стремиме кон долгорочна одржливост и успех на општество и поединец

Наш

Пристап

Нашиот бизнис модел се базира на подобрување на образованието во раното детство, како и кај младите преку учење базирано на реалниот живот. На нашите клиенти овозможуваме висококвалитетен пакет на услуги кој опфаќа консултантски услуги за поединци, консултантски услуги за компании, како и бизнис ориентирана едукација. Низ годините  обезбедуваме успешни семинари, едукативни работилници, консултантски услуги и менторство на поединци.

Консалтинг

Ние работиме во консалтинг секторот затоа што навистина уживаме во интелектуалната интеракција со нашите клиенти. Не затоа што мораме или што имаме потреба да изградиме огромна компанија и да го преземеме секој проект. Туку затоа што сакаме. Крајниот резултат е дека сме селективни во однос на проекти што ги преземаме и природата на клиентите со кои работиме, како и во бескомпромисна професионалност и квалитет што го даваме на секој наш клиент.

Ние веруваме дека за да се биде најдобар, индустријата бара повеќе од остварување на високи приходи. Бара влијание и придонес во општеството. Ние одлучивме да градиме благосостојба не само за нас, туку подобра иднина за сите луѓе, луѓе на кои им е одземена можноста да водат пристоен, достоинствен и наградуван живот и да го постигнат својот целосен човечки потенцијал. Затоа развивме услуги за социјално советување, дизајнирани за социјални претприемачи и социјални претпријатија. Ние го поддржуваме развојот на социјалниот екосистем, обезбедувајќи про-боно консултантски услуги за социјалните претпријатија и социјалните претприемачи.

Образование

Пазарот на труд се менува со незапирлива брзина. Работните места што ќе ги работат генерациите кои денес се во основните училишта, уште не постојат. Работните места што постоеле пред 20 години веќе не постојат. Роботизација, развој на вештачка интелигенција, дигитализација, автоматизација се процеси кои неминовно се случуваат и ги менуваат потребите на пазарот на трудот. За жал за многу работници, овој тренд не покажува знаци на забавување. Овие нови работни места ќе бараат поширок спектар на вештини од оние што во моментов ги учиме во нашите училници.

Нашиот пристап вклучува надминување на празнините во образовниот систем за да обезбедиме сите ученици да имаат пристап до образование што ги подготвува за иднината.Без образовани луѓе, овој свет не може да стане подобро место Затоа е потребно соодветно образование за да се претвори овој свет во подобро место за живеење.

Лични услуги

Life – work balance,  усогласување на животот со работата. Еден од најголемите предизвици на современото општество. Веројатно мислите дека сме го згрешиле изразот Life-Work, мислите да се работи за Work-Life Balance  - широко признат концепт кој ја опишува идејата да се подели нечие време и енергија помеѓу работата и другите важни аспекти во животот.  Не, токму напротив, се работи за Life-Work Balance концептот. Се работи за  животот и другите нешта во него. Не обратно.

Во нашиот живот постои и една уникатна кариера наречена родителство. Со сите убавини што ги носи, родителство со себе доноси и најголемите предизвици, особено за мајки. Кога и како да се вратат на работа? Кој ќе се грижи за бебето? Дали ќе има место во градинка, дали програма во градинка е добра? Дали често ќе се разболува? Како ќе се справам со професионални и семејни обврски? Цврсто веруваме дека на секој му е потребна поддршка и охрабрување во некој момент во живот. Наши лични професионални услуги се развиени и прилагодени со цел да им помогнат на семејства и поединци да го постигнат единствен баланс во нивниот живот и да уживаат во секој момент. 

Контактирај не

Благодариме за контакт!