Единствен

Пристап кон

Живот

Која фаза од животот е најважна? Некои можат да тврдат дека детството е клучна фаза, кога мозокот на детето е отворен за нови искуства и сознанија што понатаму ќе влијаат на остатокот од животот. Други тврдат дека тоа е адолесценцијата или младоста, кога физичкото здравје е на врвот. Некои можат да го слават возрасното доба - зрелоста, бидејќи тоа е обично најплодната и најпродуктивната фаза на животот. Многу култури низ светот го вреднуваат третото доба повеќе од кое било друго, докажувајќи дека во оваа фаза човекот ја има потребната мудрост да ги води другите. Кој е во право? Вистината е дека секоја фаза од животот е еднакво важна и неопходна за благосостојбата на човештвото. Секоја фаза од животот има своја единствена вредност да придонесе за светот. Треба да ја разбереме секоја од овие вредности ако сакаме да градиме свесно и високоразвиено општество во кое се почитуваат најдлабоките човечки потреби. Треба да ја почитуваме и да ја заштитиме секоја фаза од животот.

Image by Aaron Burden

Советник за Доење

Новороденото бебе има само три барања. Тие се: топлина во рацете на својата мајка, храната од градите и сигурноста која ја чувствува во присуство на мајката. Доењето ги задоволува сите три. Можеби доењето не е прифатлив избор за секој родител, но секако е најдобриот за секое бебе.

Babysittingmk.com

Babysittingmk.com - Единствена платформа за семејства и дадилки каде што на едно место можат да најдат опции за грижа и нега деца, регулаторна рамка, совети од експерти за ран детски развој, како и најновите достигнувања во детска психологија.

Советник за родители

Како да се справите со предизвиците на родителство? Како да ја преживеете прва година со бебе? Одлучувате помеѓу различни опции за згрижување деца? Кои се развојните фази во првите пет години? Многу прашања за секој еден што за прв пат е родител. Откријте како дел од нив да ги решите на полесен начин.

Советување за Домашни Миленици

Одлука да имате милениче во домот секако е возбудлива, но дефинитивно не е одлука која ја носиме лесно. И покрај тоа што одлучувате за нешто убаво сите прашања и грижи кои се наметнуваат можат да дополнително да Ве збунат. Нашиот експерт за миленичиња може да ви помогне при процесот на селекција на миленикот, финансиски аспекти, потребната обука и долгорочните импликации од чување на миленик.