Агенции за ангажирање на дадилка

Зошто Агенција?


Избор на дадилката е една од најголемите одлуки што ги носите како родител. Сите се надеваат и очекуваат да ја изберат дадилката која ќе влезе во рутина и секојдневие на семејството и која ќе го разбере Вашиот систем на вредностите.

Потрага по дадилката може да биде и вообичајено е исполнета со бројни телефонски повици и јавувања, лични интервјуа, бара многу време и концентрација, што придонесува кон стрес кај родителите. Понекогаш најдобриот одговор е во ангажирање на професионална Агенција која ќе ги разбере Вашите потреби, барања, ќе Ви заштеди време и ќе Ве ја најде дадилката која најмногу одговара на Вашето семејство.

Улогата на Агенцијата е да Ви овозможи едноставен и смирен процес на одабир на дадилката. Професионална Агенција ќе Ви помогне да ги идентификувате Вашите очекувања, и ќе Ви ги предложи само тие дадилки коишто одговараат на Вашите барања.

Агенцијата врши проверка на биографијата на дадилката, кривично досије и досегашното искуство со проверка на референци. Поред тоа Агенцијата го прави опис на работното место со прецизирање на работните обврски на дадилката и структуриање на денот.

Со ангажирање на Агенцијата добивате персонално адаптирана услуга, како и совети во интервјуа и преговори со дадилката. Агенцијата ја врши целосна услуга за Вас и на Вас ви ги претставува кандидати одбрани во согласност со Вашите потреби. Агенцијата Ви пружа сигурноста зошто добивате позната и проверена дадилка. Покрај тоа регистрирани Агенции се осигурани со осигурителна полиса за бизнис, со која покриваат сите евентуални ризици.


Две странки се ракуваат за потпишан договор во агенција за посредување за дадилки
Бидете внимателни во која агенција барате дадилка за вашето дете

Трошоците на Агенцијата

Агенцијата за дадени услуги наплаќа провизија. Понекогаш може да изгледа дека Агенцијите се скапи, но Вие како родител плаќате за нивната експертиза и единствен пристап кои го добивате. Трошоците на Агенцијата варираат и се пресметуваат процентуално, након потпишување на договорот. Некои Агенции наплаќаат месечна провизија додека другите наплаќаат еднократно. Пред да ангажирате Агенцијата потребно е да се информирате за начин на работењето и опции за плаќање кои Ви стојат на располагање.


Како да ја процените Агенција?


За секој родител е многу битно да ја процени Агенцијата која ќе биде ангажирана. Агенцијата која е членка на некоја од меѓународните асоцијации како што се АПНА и ИНА, се обврзува да ги почитува и применува стриктно поставени стандарди, правила и етички кодекс.

Во Република Македонија, работењето на Агенцијата и дадилките е пропишано со Законот за заштита на децата. Според овој Закон Агенциите задолжително се регистрираат и осниваат со дозвола и решение од Министерство за труд и социјална политика. Регистрирани Агенции се јавно објавени на веб страна на Министерство.

Агенции кои не се регистрирани според Законот не даваат никаква правна, морална и етичка сигурност ниту за клиентите ниту за дадилките. Ангажирање на вакви Агенции е голем ризик за родителите.

5 views0 comments