Зошто е важна соработката помеѓу родителите на дете со попреченост и специјалните едукатори

Кога зборуваме за деца со попреченост зборуваме за деца на кои им е потребна асистенција, едукација или рехабилитација за да може максимално да ги развијат способностите и со тоа целосно да се интегрираат во општеството а и да се себе актуелизираат, реализираат на образовен, емоционален и социјален план. Само целосно исполнета личност е здрава личност, а кога станува збор за попреченост терминот здрава личност може да го употребиме само во контекст на среќна личност! Затоа што – disability means THIS ABILITY!

Значењето е јасно: Оваа способност и моќ. (и точка)

Специјалните едукатори и рехабилитатори се стручни лица кои работат со деца со попреченост и нудат асистенција во различна форма (едукација или пак рехабилитација) во зависност од потребите на детето и попреченоста која ја има. Специјалниот едукатор е стручно лице кое пред сѐ има експертиза кога станува збор за попреченоста и знае точно како, со кои техники и методи да му пристапи на детето. Но специјалниот едукатор не делува сам, многу често има потреба да се примени мултидисциплинарен пристап па така потребно е (пример: со едно дете со церебрална парализа) да работи и физиотерапевт и специјален едукатор и психолог, односно понекогаш со дете со дислексија да работи специјален едукатор, психолог, арт терапевт и слично. Попреченоста бара сериозен пристап, употреба на проверени но и креативни техники и методи за да може истата да се намине/ублажи.


Клучна улога во контекст на работа со лицата/децата со попреченост имаат родителите. Неопходно е родителите да соработуваат со стручниот тим и во домашни услови, односно по работата на специјалниот едукатор да спроведуваат вежби кои ќе ги зададе специјалниот едукатор, а секако и стимулативно психолошки да влијаат на детето во контекст на јакнење самодоверба, поттикнување на подобра соработка помеѓу детето и специјалниот едукатор и слично.

Зошто е важно детето да продолжи да работи и дома? Затоа што на децата со попреченост им е потребно секако повеќе време да усвојат одредена вештина, а општо познато е дека преку вежбање и практицирање го зајакнуваме наученото. Доколку детето работи само 1,2 односно 3 часа со стручното лице и понатаму оди дома и воопшто не вежба, многу веројатно е дека наученото ќе го заборави и понатаму стручното лице ќе треба повторно од почеток да работи на усвојување, учење на иста вештина со што процесот ќе застане односно стои во место подолго време. На сите нас ни е потребно време и вежбање кога учиме нови факти или вештини, а важно е да се разбере дека на децата со попреченост им е потребно уште повеќе вежбање и работа.


Во оваа смисла важен е и односот на родителите и стручното лице, односно колку тој однос е срдечен и негува позитивни релации. Детето може да препознае какви и колку позитивни релации негуваат родителите со стручното лице. Важно е стручното лице и родителот да негуваат добра соработка, доверба, искреност, да се информираат меѓусебно за напредокот на детето. Само заедно можеме да постигнеме успех во контекст на развивање на способностите на едно дете!

52 views0 comments