Како да детектирате предупредувачки знаци за НЕпрофесионална дадилка?

Не секоја личност која се нарекува дадилка е способна и подобна да се грижи, негува и едуцира вашето најмило. Поради тоа треба да знаете како да ги препознаeте сигналите кои предупредуваат дека можеби сте направиле погрешен избор.


1. Изгледа дека вашето дете се плаши од дадилката

Ако детето се вознемирува и повлекува кога дадилката ќе пристигне во вашиот дом, дури и после неколку недели од адаптациониот период, тоа може да биде лош знак.


2. Дадилката не ги применува вашите инструкции.

Конструктивните предлози од дадилката секогаш треба да се добредојдени, но никако не смеат да бидат наметнати. Бидете претпазливи доколку секогаш слушате изговори зошто работите не се завршени и зошто не го следела распоредот што сте го дале.


3. Дадилката често доцни и ненајавено не доаѓа на работа.

Понекогаш се случуваат неизбежни работи како доцнење на јавниот превоз или семејни итни случаи. Но, ако дадилката често доцни или откажува да дојде на работа без да најави за потреба од слободен ден, тешко е да стекнете доверба во неа.


4. Вашето дете изгледа валкано, неуредно или гладно.

Ако после работното време на дадилката вашето дете е гладно, има флеки на облеката, нечисти рачиња и непроменета пелена, тоа се лоши знаци.


5. Дадилката поминува време на својот мобилен телефон.

За време на работата нејзиниот мобилен телефон секогаш треба да биде исклучен или стишен, како и на секое друго работно место, освен доколку се работи за итна ситуација или договор со родителот за периодично известување во однос на работните обврски и детето.



Сообраќаен знак STOP на улица со снег
Кој знак ќе ве предупреди да застанете?

97 views0 comments