Развивање на позитивна слика за себе кај децата

„Децата не се нешта кои треба да се моделираат напротив тие се луѓе кои треба да се развиваат“- Jass Liar


Moжноста да го искусиме светот на единствен начин, да ни се даде шанса да пробуваме нови работи и да стекнуваме нови искуства, преку кои ќе се чувствуваме добро со себе си и ќе се сакаме за тоа кои сме самите – сето тоа е дел од нашиот развој како личности. Таа прилика потребна им е и на децата од најмала возраст.


Како се развива самодовербата и чувството за себе

Да се чувствуваш добро со самиот себе е можеби најкратката но и најцелосната дефиниција за тоа што значи самопочитта. Децата со позитивна самодоверба се чувствуваат сигурни и способни. Тие се ценат себе си и своите способности. Тие се горди на работите што можат да ги направат и сакаат да се обидат најдобро што можат!

Новородечињата и бебињата немаат самодоверба, затоа што сѐ уште не се гледаат себе си како своја личност. Позитивната приврзаност на возрасниот и детето е примарен и најважен дел за здравиот развој на чувството за себе. Развивање на топла врска исполнета со љубов во рамките на семејството е основа за создавање позитивна слика на детето за себе. Со нега и грижа на бебето, реагирање кога плаче, многу гушкање и насмевки кои му укажуваат на бебето дека е сакано се основа за понатамошно здраво самопочитување. Интеракцијата со детето сведена на разбирање и грижа, семејните навики и комуникација се важни бидејќи на тој начин се градат семејните односи кои на детето му го даваат чувството на припадност и подлога за развој.

Децата се соочуваат со значителни промени во развојот на нивниот само-концепт од раните детски години до адолесценцијата. Малите деца почнуваат да развиваат разбирање за себе, преку тоа што можат да направат. Децата почнуваат да размислуваат за себе и развиваат само-концепт на возраст од 3 до 5 години. Тие се способни да се опишат себеси користејќи многу специфични и конкретни поими („Јас имам 3 години. Имам долга коса. Јас имам маче“), децата исто така можат да опишат некои емоции („Среќен сум во градинка“, „Тажен сум кога ќе ме искара мама“ итн). На околу 4-годишна возраст, децата почнуваат да ја користат теоријата позната како теорија на ум-верба. Оваа теорија на умот е кога детето може да ги користи верувања и желби за да го одреди однесувањето. Детето разбира дека и верувањето и желбата ги одредуваат постапките на индивидуата. Оваа способност им помага на малите деца да постапуваат посоодветно за време на социјалните интеракции со другите.


Насмена мајка го држи своето весело дете во рацете на плажата покрај брегот
Помогнете му на детето да ги открие своите предности

Децата развиваат позитивна самодоверба работејќи напорно кон некоја цел и гледајќи како нивната напорна работа резултира со нешто добро. Остварувањето на работите им покажува дека имаат сѐ што е потребно за да може да се соочат со нови предизвици. Нивниот успех ги прави да се чувствуваат добро за себе, и тие учат дека е и во ред да не успеат. Кога децата прават нешто добро, тоа ги задоволува и другите луѓе, како нивните другари и возрасните кои се грижат за нив. Тие повратни информации исто така прават да се чувствуваат добро. И со текот на времето, тие продолжуваат да градат позитивно самопочитување. Кога децата се сигурни за тоа какви се, тие имаат поголема самодоверба во себе и можност за поголем раст и развој. Тоа значи дека тие можат да се мотивираат да преземат нови предизвици, да се справат и да научат од грешките. Тие, исто така, имаат поголема способност да се потпрат на самите себе но и да побараат помош кога им треба.


Кога детето има позитивна самодоверба, тоа:

  • Се чувствува сакано, прифатено и сигурно во себе;

  • Има добро мислење за себе;

  • Презема одговорност за неговите постапки, отпорен е на неуспех и се чувствува гордо дури и кога ќе направи грешка;

  • Има чувство на контрола над активностите и настаните во неговиот живот;

  • Дејствува независно, гради добри односи и комуникација со околината;

  • Има храброст да донесе добри одлуки, дури и кога има притисок од врсниците.


Како да му помогнете на вашето дете да создаде позитивна самодоверба?


Градење на самодоверба е можно. Важно е детето да ја доживее неговата индивидуалност и автентичност. Тоа значи да се прифати со сите негови позитивни но и негативни особини, да ги прифати за свои и да знае правилно да ги управува. На тој начин ќе може да функционира во околината без да биде премногу критично кон себе, да се споредува постојано со останатите, да се повлекува пред предизвиците и да се плаши од неуспесите. Децата можат да научат да се подобруваат како се гледаат и ценат себеси. Клучно е да се ​​биде поддржувач, реален - но не и премногу заштитнички настроен родител.

Како родител потребно е да му се помогне на детето да ги открие неговите предности, и способности кои може да ги надоградува и со кои ќе се чувствува вредно пред себе и пред другите. Тоа не подразбира постојано истакнување само на позитивните особини. Важно е детето да ги знае и своите негативни карактеристики и како успешно да управува со тој дел од себе без да мора да го потиснува тоа. Важно е да ги фалите децата на начини на кои градат самодоверба и да ги научите да бидат горди на нивните напори и достигнувања. Фалете ги напорите на децата, но не давајте секакви раскошни пофалби за сè што прават. Децата знаат кога биле успешни и работеле напорно - и кога не.


Другарството е голем дел од градењето позитивно самопочитување. Тоа не значи дека децата треба да имаат голем број на пријатели или да бидат популарни. Доволно е да имаат другарчиња кои ќе ги прифатат и почитуваат такви какви што се. Важно е детето да има чувство дека е дел од групата со која ќе може да се поврзе токму такво какво што е.


Сликата која детето ја има за себе треба да биде потврдена и еднакво прифатена и во семејството и во пошироката околина. На тој начин детето ќе развие единствен и уникатен само-концепт, и позитивна слика за себе.

На децата потребни сме им ние возрасните во градење на позитивната слика, затоа консултирајте се со психолог доколку не умеете самите во целост да му помогнете на вашето дете.

65 views0 comments