Пријавување за ова обука е завршено.

Достапно онлајн

Менторство во детски градинки - 25 мај

Континуирана едукација за продолжување на лиценца

  • Ended
  • 13 euros
  • Онлајн

Опис

Обуката е наменета за вработени во детски градинки со цел унапредување на вештините и професионален развој. Обуката е дел од континуирана едукација за вработени во градинки. По завршување на обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат за присуство на обука, со вкупен број на часови кои можат да ги приложат како дел од континуирана едукација за продолжување на лиценца за работа. Оваа обука е дизајнирана да го поддржува понатамошниот развој на воспитувачите во нивната важна улога на менторствo. Обуката опфаќа широк спектар на испробани и тестирани стратегии во комбинација со добро развиено разбирање на работните задачи. Поаѓаме оттаму дека веќе добро работите со колегите и дека сакате понатаму да ги развивате или продлабочувате своите вештини и капацитети на ментор на помалку искусен или нов колега. Што добивате? - 4+2 часа континуирана едукација за продолжување на лиценца - 4 часа интерактивна, динамична обука - 4 часа професионална дискусија - дополнителни 2 менторски сесии 1 на 1 со обучувачот (по Ваш избор) - поддршка за кариерен развој од страна на F5 Advisory - можност да станете иден обучувач Целите на обуката се: - запознавење и разбирање на концептот на менторство - препознаваање и поттикнување на институционалната поддршка од градинката - идентификување на задачите на менторот - разбирање на обврските на менторот и на оној кој е менториран - дефинирање на пристапи кон менторираниот - применување на стратегиите и опции за менторирање Идеите претставуваат можности да размислите и да експериментирате со вашата пракса и да го проширите вашиот професионален репертоар. Искористете ја оваа обука за да ја подигнете вашата кариера на повисоко ниво. Обучувач Иван Христов, дипломиран психолог и едукант по Гешталт психотерапија Цена на обука: 800 МКД Попуст во износ од 10% за уплати до 20 мај 2021


Контакт

+38972697481

contact@firstfivemk.com